ВИДЕО: Снимена голема ајкула на хрватското крајбрежје на Јадранско Море

од Берта Китинска

Пред неколку дена на интернет се прошири снимка на која ајкула плива во крабрежјето во близина на хрватскиот град Медули, а сега се појави уште една во јужниот дел од хрватското крајбрежје на Јадранско Море.

Вчера е снимена голема ајкула во крабрежјето кај Пировец.

Професорот Ален Солдо од универзитетот во Сплит за хрватските медиуми изјави дека најверојатно станува збор за т.н. сина ајкула.

„Од видеото тешко може да се заклучи за кој вид се работи бидејќи за прецизно и за точно идентификување недостасуваат низа детали. Затоа може само да претпоставиме за кој вид се работи, според движењето најмногу потсетува на сината ајкула која на Јадранот е најраспространет вид на ајкула – истакна Солдо за 24 sata.hr

Слични содржини