(ВИДЕО) Со боја врз бараките на Град Скопје, мирно заврши граѓанскиот протест

од Vladimir Zorba
119 прегледи

13059557_10207649622031805_520324512_n-860x680 13059867_10207649700073756_726918018_n

Со бојадисување на фасадата на бараките на Град Скопје и со извици „Секој ден во шест“, заврши денешниот протест на граѓаните против аболицијата за функционери која ја донесе претседателот Ѓорге Иванов. Собирот помина мирно и без никакви инциденти.

Граѓаните и денеска, точно во 18 часот, ја блокираа улицата пред СЈО и го почнаа протестот, за подоцна преку Собранието и Владата да завршат пред објектот на Град Скопје. 13020063_10207649606991429_735408034_n Движејќи се по маршрутата постојано извикуваа: „Оставка, оставка“, „Нема правда, нема мир“, „Никола на робија“, „Мафијшка држава“, „Николче диктаторче“…

Еден од демонстрантите во името на целата група што протестира рече дека преговори во овие услови се невозможни. Тој уште еднаш ги повтори барањата на граѓаните: повлекување на одлуката за аболиција од претседателот Иванов и негова итна и неотповиклива оставка, Уставниот суд да се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство, да се формира специјално одделение во Кривичниот суд за случаите за кои е надлежно СЈО, да се повлече одлуката за избори на 5 јуни, да се вклучат независни претставници во процесот на решавање на политичката криза и преговорите да се одвиваат на територија на Република Македонија.

Тие бараат и преодна влада, која ќе ги имплементира забелешките од Рајнхард Прибе./извор Мета