Австралискиот репрезентативец Тим Кејхил се врати во локалното првенство на впечатлив начин. Тој дебитираше за Мелбурн Сити со гол од 40 метри при победа на тимот со 4: 1 во градското дерби против Мелбурн Виктори. Средбата беше од 2 круг од австралиската Еј Лига.

36-годишниот Кејхил, познат во Европа со настапите за Евертон, го отвори резултатот во 27-тата минута. Бруно Форнароли г удвои четири минути подоцна, а Лук Бретон зголеми на 3: 0 во 52 минута.
Десет минути подоцна Марко Рохас врати еден погодок за Мелбурн Виктори, но само во следната минута Фернандо Брандо ја врати предноста од три гола на Мелбурн Сити.
https://youtu.be/qal2SFUZe_M