Тука сум да ве уверам дека вашите мали деца безбедно ќе играат надвор. Вашите деца тинејџери безбедно ќе се враќаат дома. Насилствата, кражбите по домовите, уличниот криминал, нарушувањата на јавниот ред и мир, други девијантни појави, ќе дејствуваме да ги спречиме пред можноста да се случат.
Еден од начините како тоа ќе го направиме е преку маалскиот полицаец по улиците на местата во коишто живееме.
Полицаецот позорникар ќе биде нашиот пријател – заштитник во секое време.
Да може секој од нас да му се обрати за каков било проблем. Никој да не се чувствува дека е сам, зашто нема да биде сам.
На ова конкретно се обврзуваме во Програмата на СДСМ.
Полицајците позорникари ќе се грижат за проблемите и потребите на граѓаните.
Нашата цел е тие да ја зацврстат довербата помеѓу граѓаните и полицијата, бидејки тоа може многу да помогне за заштита на секој од нас.
Ако граѓаните се чувствуваат безбедно, тие ќе се движат слободно, ќе бидат мотивирани да бидат активни во средините во кои живеат. Така ќе придонесуваат и за развојот на општеството.
Затоа, ќе создадеме Полиција за граѓаните, којашто ќе биде организирана исклучиво според потребите на граѓаните.
Одговори на новинарски прашања,
Медиуми: Дали ќе предвидите во вашата програма конкретни точки за двојазичноста…
Спасовски: Во однос на Програмата на СДСМ, таа е е усвоена уште минатата година, таа се апдејтира, овие мерки коишто ги нудиме, меѓу коишто и меркава за којашто разговараме денеска, а е сериозен проблем посебно за граѓаните на Карпош, на граѓаните на Скопје е мерка којашто ќе допринесе за заштита на граѓаните на полицијата. Меѓутоа постојат и низа на други мерки воПрограмата коишто пред се се насочени кон развојот на економијата, задржување на младите луѓе во Република Македонија, задржување на граѓаните на Република Македонија… Инаку, прашањето на јазикот е регулирано со Уставот на Република Макдонија и со позитивните законски прописи, тоа претставува доволна рамка само треба да биде имплементирана.
Медиуми …
Спасовски: Прво дакам да кажам свое мислење во однос на ова прашање како генерален секретар на партијата апропо Програмата којаштоја нудиме. Мислам дека клучниот проблем во полицијата е тоа што нема професионалност, што премногу е партизирана, и тоа што премногу е криминализирана. Овие три многу важни сегменти мора да ги смениме после 11 декември. И врвен приоритет на Владата предводена од СДСМ, после 11 декември ќе биде како да ја направиме полицијата сервис на граѓаните и како да биде полиција којашто работи за интересите и потребите на граѓаните на Република Македонија. Прераспоредувања во Министерството мотивирани од политички причини не придонесуваат да се остварни начелото на професионалност во рамки на Министертсвото за внатрешни работи, а ако немате професионалност тогаш ќе трпат сите овие работи. Ќе ни се случуваат и кражби по домовите, ќе ни се случуваат и други девијантни појави, а притоа немаме одговор. Значи, мора да создадеме ефикасна полиција, полиција којашто ќе биде пред се професионалана и којашто ќе знае да ги пресретнува сите предизвици коишто стојат на патот на безбедноста на граѓаните на Република Македонија



