(ВИДЕО) Спасовски: Нема пари за плати во буџетот за новите вработени во МВР

од Vladimir Zorba
100 прегледи
spasovski
Нема пари во буџетот за платите на нововработени во МВР, кои добија решенија пред моето доаѓање на функцијата, тврди Министерот Оливер Спасовски, го цитира 24Вести.
Спасовски вели – иако ги превземал сите законски надлежности меѓу кои и суспензија на некои осомничени вработени, сепак тие повторно се појавиле на работа, откако им истекле роковите според законот за дисциплинска постапка.
Од Министерството за финансии пак кратко информираа дека за сите вработени во институциите обезбедени се плати со буџетот за 2017 – та.
Во врска пак со осомничените функционери во МВР во предметите на СЈО пак Спасовски вели ќе бидат превземени сите законски мерки кои му стојат на располагање иако како што тврди сега ограничувањата на министерот се поголеми отколку изминатите години.
Целиот текст можете да го прочитате тука