ВИДЕО: Спружување на насловна, бркање пратеници, крвав упад: Црни дамки на Собранието впишани во историјата

од Aleksandar Todeski
501 прегледи

Во неделата доцна попладнето се распушти еден од пратеничките состави кои ќе остане запишан во историјата како состав кој ја внесе земјата во НАТО и го отвори патот кон Европската Унија со постигнување на историскиот договор од Преспа.

Наспроти тврдењата на опозициската партија за спроведување на едноумие во Парламентот, но и тврдењата дека бил „најлош парламентарен состав досега“, извештаите на Европската Комисија за напредокот на државата, кој пак ја посочува како позитивен пример работата на составот кој се распушти поради изборите.

Во минатото пак, имавме примери кои оставија голема дамка на работата на Собранието. Закани за „спружување на насловна“ од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски кон пратеникот на НСДП, Горан Мисовски, насилно вадење пратеници од пленарната сала, со цел тогашната власт опозицијата да си го изгласа буџетот, како и крвавиот 27 април 2017 гоидина, крвавиот упад во Собранието кои имаше за цел да се предизвика вонредна состојба и ВМРО-ДПМНЕ насилно да остане на власт.

„Горан, ќе те спружам на насловна некаде, така да знаеш“, му рече Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ на пратеникот Горан Мисовски.

Мисовски пак, го праша „Господине Димовски, вие мене ќе ме спружите на насловна“, на што Димовски одговори „Да“.

Само пет дена по заканата за „спружување на насловна“, на 25 декември 2012 година, се случи „Црниот понеделник“, односно насилното вадење на тогашната опозиција предводена од СДСМ и на новинарите од пленарната сала, со цел тогашната власт на ВМРО-ДПМНЕ да си го изгласа спорниот буџет.

ВМРО-ДПМНЕ како партија свесна дека оди во опозиција по изборите во декември 2016 година пак, го опструираше изборот на собраниски спикер со долги реплики и контра-реплики и бесконечни барања за паузи, се до моментот кога владејачкото мнозинство одлучи по завршувањето на седницата да свика нова преку барање од група пратеници, а истата да ја одржи најстариот пратеник во Собранието, Ферди Мухиќ, на која и официјално Талат Џафери беше избран за претседател на Собранието.

Додека тогашниот кандидат за премиер, Зоран Заев и новоизбраниот спикер, Талат Џафери даваа изјави, толпата беше пуштена во Собранието, а насочувана од страна на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кон прес центарот, каде беа загрозени животите на собраниските служби, пратениците, новинарите и снимателите кои во голема бројка беа присутни во прес центарот.

Иако опозициската партија тврдеше дека партијата нема никаква врска со случајот, жестоката кавга помеѓу Антонио Милошоски и Крсто Мукоски откри дека сепак било договрено сценарио и обид за превласт на ВМРО-ДПМНЕ.

„Крсто Мукоски своето си го одлежа, само жалам што ти, како што кажа сведокот кој избега, ги насочуваше луѓето горе и им велеше „Целта е Заев, одете нагоре“, си на слобода“, му рече Мукоски на Милошоски, кој пак му возврати „Ти ги пушти луѓето да влезат, а сега си слободен и твоите деца имаат татко, додека пак оние кои влегоа се во затвор“.

Опозицијата исто така имаше обид за насилство и на седницата кога се гласаше Законот за употреба на јазиците, кога бегалецот од правдата, Никола Груевски, како пратеник од ВМРО-ДПМНЕ истури чаша вода кај спикерот Талат Џафери и потоа се качи до него во обид да предизвика физички контакт.

Слични содржини