Видео средба на министрите од регионот со Вархеји: Се разговарало за обезбедување вакцини за Западен Балкан

од Nikola Popovski

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров попладнево на иницијатива на еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји, учествуваше на координативната видео средба заедно со колегите од регионот, соопштија од Секретаријатот за европски прашања.

„На состанокот беа разменети информации во контекст на напорите на Европската комисија за обезбедување на вакцини за земјите од Западен Балкан. Се работи за дополнителни дози вон ковакс механизмот за кои Европската Унија ќе обезбеди финансиски средства преку ИПА фондовите“, се наведува во соопштението на СЕП.

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, на Твитер денес соопшти дека се сретнал со министерот за надворешни работи на Германија и дека разговарале за пристапниот процес со Скопје и Тирана.

„Добра дискусија со МНР Хајко Мас денес. Разменивме мислења за западниот Балкан и потребата да се оди напред со процесот на проширување на ЕУ, вклучително преку отворање на преговорите за членство со Албанија и Северна Македонија што е можно побргу“, напишал Вархеји на Твитер.

Слични содржини