(ВИДЕО) Средби на Вангеловски со Зврлевски и Додевски

од desk2
96 прегледи

 


Актуелните случувања, подобрување на соработката и решавањето на проблемите биле темите за кои разговарал старо новиот претседател на Врховниот суд Вангеловски на одвоените средби со републичкиот обвинител Зврлевски и со претседателот на адвокатската Комора Додевски. Специјалната обивнителка друг ден ке му ги претстави своите проблеми на Ванглеовски. На денешната средба не дојде поради неодложни причини, информира Телма.

Но освен за средбите другите прашања на новинарите до гостите на Вангеловски останаа неодговорени. Медиумите се интересираа за повеќе актуелни случувања од предметите на СЈО каде главен бранител е Додевски но и за новите истраги на државното обвинителство за СДСМ.

За одогловлекувањето на одлуката на врховен за тоа дали е законита спогодбата на Звонко Костовски со обвинителството за случајот „Пуч“, Вангеловски вели тие не се надлежни да го обезбедат предметот од државното обивнителство туку СЈО.

Вангеловски во 2008 во Врховниот суд дојде од адвокатската фела, па на денешната средба со поранешниот колега доби и подарок и вети дека ке се заложи за решавање на проблемите на адвокатите и на обивнителите како странки во постапката./извор Телма