Утрово избувна пожар во зграда на улица „Даме Груев“ во Скопје. Пожарникарите интервенираа и го изгаснаа пожарот, но стари од погорните катови се жалат дека не можат да дишат од чадот и бараат да бидат евакуирани.

Полицијата не пушта никој да влезе во зградата, а станарите гласно негодуваат и бараат да бидат извлечени.
Неофицијално, според исказите на станарите, пожарот е подметнат од нивен сосед кој живее во зградата. Тие тврдат дека сам го запалил својот стан. Како што кажуваат, и претходно го пријавувале и имале проблеми со неговото однесување./А1он