Судирот на Западот и Истокот околу Македонија се продлабочува. По серијата пораки од Стејт департментот, НАТО алијансата, европските преставници, денес со соопштение се огласи и британскиот министер за Европа и Америка Ален Данкан, инфромира Телма.

Тој му порача на претседателот Ѓорге Иванов дека 67 пратеници од 120 е јасно мнозинство и кажа дека Иванов треба да ја преиспита одлуката да не му го даде мандатот на Зоран Заев, кој му донесе коверт со потписи од 67 пратеници.
„67 новоизбрани пратеници кои претставуваат различни заедници ширум Македонија побараа да се формира влада. 67 од 120 се јасно мнозинство. Претседателот Иванов треба да ја преиспита одлуката“, изјави министерот Ален Данкан во соопштението на британското Министерство за надворешни работи.
По втор пат во два дена се огласи и руското МНР, овој пат преку Началникот на одделот за односи со јавност на Руската Федерација, Алексеј Зајцев.
Пред месец дена ја пренесовме анализата на безбедносниот експерт Џон Шиндлер за магазинот Обзервер, кој уште во самиот наслов предвидуваше дека првата политичка криза во надворешната политика на Трамп ќе биде токму Балканот и новото удирање по воените тапани.
Според Шиндлер Владимир Путин планира да се освети на западниот интервенизам во регионот и токму враќањето на Моска на Балканот е причина за пораст на националистичките провокации.
Целиот текст можете да го прочитате тука