Започна кампањата „Го Сакам ГТЦ“. Седумнаесте невладини организации и граѓаните застанаа и го поддржуваат референдумот, кој го распиша и го организира Општина Центар и на кој граѓаните на 26 април треба да гласаат – дали се за зачувување на автентичниот изглед на ГТЦ.

На вечерашниот старт на кампањата на кој пред ГТЦ се собраа неколку стотини граѓани, градоначалникот на Центар Ангдреј Жерновски рече дека тука е дојден пред се како жител на Центар и на Скопје, објави А1Он.
Жерновски посочи дека референдум е историски бидејќи е прв во Општина Центар и во Скопје.
„Ние сме на терен со граѓаните кои се информирани и знаат дека на 26 април се носи одлука за иднината на ГТЦ, очекувам дека граѓаните масовно ќе излезат на гласање и ќе го овековечат овој датум“, рече Жерновски.
На 26-ти избирачките места ќе бидат отворени од 7 до 19 часот се гласа со „за“ и „против“ на референдумското прашање, „Дали сте за зачувување на автентичниот изглед на ГТЦ?“/Извор А1Он