Паркингот на музичкиот фестивал под отворено небо “Андансаш”, кој се одржува во Португалија, заприлега на автомобилски гробишта откако шумски пожар уништи 422 автомобили, пренесоа американските медиуми.
Властите рекоа дека нема повредени во пожарот, кој избувна вчера и поради кој беа евакуирани околу 4.000 луѓе.
https://youtu.be/wmQnrvW2RQg
Музичарот Педру Мештре рече во етерот на телевизија ТВИ дека автомобилите пукале еден по еден како пуканки додека стихијата го заземала паркингот.