Стромае е француски артист кој достигна светска популарност пред неколку години, но пред сѐ со  оригиналноста и уникатноста во пристапот кон својата творба.stromae_carmen

Неговите дела се уметност во секој поглед. Покрај музиката и текстот, и неговите видеа и настапи испраќаат вивидни пораки за денешната реалност и состојби.

Делото Кармен, ја третира бизарноста на денешницата во поглед на лажната среќа и дискутабилните приоритети на човештвото. Изгубеноста во интернет просторот при што сѐ уште како да не ни се согледливи апсурдно поделените улоги на потчинет и владетел. Кој кому робува и чија е среќата која ја „гледаме“ низ блескави филтри постојано?

Ф.А.

Слични содржини