Руинираните студентски домови и лошиот студентски стандард се првите проблеми за кои беа предупредени бруцошите на првиот академски час од нивните постари колеги од Студентскиот пленум-информира РСЕ. Тие ги пречекаа своите идни колеги на платото пред универзитетот Св. Кирил и Методиј, каде што им делеа информативни летоци во кои објаснуваат за што се борат.
Студентскиот пленум ги повика бруцошите да им се придружат во борбата против лошите образовни реформи, против проблемите кои со години наназад не се решаваат. Демијан Хаџи-Ангелковски од пленумот вели дека студентската борба продолжува и наскоро ќе објават кои ќе бидат нивните следни чекори.
„Најголем проблем се студентските домови во кои живеат нашите колеги кои доаѓаат од другите градови. Тие имаат руинирани студентски домови, но палмите имаат тушеви, тоа за нас ќе биде примарниот проблем. Исто така проблем ни е и студентскиот парламент кој не сака да ги брани правата на студентите“, вели тој.
Повеќе ТУКА
