(ВИДЕО) Судот во наредните 24 часа ќе одлучува дали ќе има мерка притвор за обвинетите од „Труст“

од desk2
80 прегледи

По 4 часа заврши распитот на прво и второ обвинетите во случајот „Труст, Сеад Кочан и Василије Авировиќ, информира а1он.

Судот во наредните 24 часа ќе одлучува дали на обвинетите ќе им биде изречена мерка притвор која ја побара Специјалното јавно обвинителство со образложение дека обвинетите можат да се дадат во бегство, да влијаат врз сведоците или пак да фалсификуваат документи.

Кочан и Авировиќ одбегнувајќи ги новинарите го напуштија Кривичниот суд без никаков коментар за денешниот распит, исто како и обвинителите од СЈО.

Три лица, раководители во фирмите „Трансмет“,„Силекс-неметали“ и „Вато“, се обвинети за добивање тендер и анекс со фалсификувана документација преку што незаконски заработиле 1 милијарда и 60 милиони денари./извор а1он