Негов колега не успеа да му помогне.

Ирански телевизиски водител се онесвести за време на директен пренос. Видеото е објавено од Liveleak.
На кадрите се гледа како на водителот постепено му станува полошо. Првично тој замолчува, а потоа со мала пауза се потпира на столото. Потоа, најверојатно, тој се обидува да се задржи на нозе и се фаќа со десната рака за рамото.
На крајот мажот паѓа на столот, а потоа и на земјата. Ководителот не успеа да го фати својот колега.