(ВИДЕО) Тепачка меѓу навивачи на “Севиља” и “Јувентус” заврши со прободен навивач

од desk3
99 прегледи

2111231743

Навивач беше избоден со нож во Шпанија при судир на меѓу приврзаници на “Севиља” и “Јувентус” пред средбата помеѓу двата тима од Лигата на шампионите вечерва.

Приврзаник на италијанскиот шампион западнал во тепачка меѓу на двата тима во близина на центарот на Севиља синоќа и е пренесен итно во болница. Тој е во стабилна состојба и без опасност за животот. Други две лица се повредени полесно.

Од полицијата велат дека бојат меѓу навивачите започнал откако речиси 30 навивачи на “Севиља” нападнале приврзаници на “Јувентус” во локал во градот.

https://youtu.be/wx8eNCWex6o

Во оваа фаза уапсени нема, а властите ги прегледуваат видеата на инцидентот од локалот, кој е оштетено прилично .

Ова не е прв пат, во кој фановите на “Севиља” се во центарот на судири при домаќински натпревари на шпанскиот тим. Во септември група приврзаници на “Лион” настрадаа при борба со полицијата во градот. Во почетокот на ноември, пак навивачите на Шпанците си организираа борба со гости од “Динамо” Загреб.