(ВИДЕО) Терористи од “Исламска држава” разнесоа два авиона на воздухопловните сили на Сирија од заседа

од Vladimir Zorba
74 прегледи

Терористите се приближиле блиску до аеродром и стрелале со американски ракети.


Во саботата, 7 јануари, медиумското крило на “Исламска држава” изјави дека групата го нападнала аеродромот на ВВС на Сирија во Дејр ез Зор. при што се уништени 2 школскоа-борбени авиони L-39 Albatros. Соодветните кадри се објавени од “Агенцијата” “Амак”.
Терористите се приближиле до авиобазата во Дејр ез Зор и истрелале кон авионите со американски противтенковски проектили BGM-71 TOW.

Како што се гледа на кадрите, ракетите ги погодуваатт двата авиони. Првата ракета паѓа во преден дел на едниот од авионите, а втората – токму во кабината на “Албатрос”. Времето на летот на ракетите е околу 15 секунди, што значи дека растојанието е околу 4 километри.

Околу реонот на градот Дејр ез Зор е и истоимената авио база, која веќе неколку години целосно е опколена од терористите од “Исламска држава”, но армискиот гарнизон практично секојдневно ги одбива нападите на бандити.