(ВИДЕО) Тимоние: Потребно формирање Влада во најскоро време

од desk2
66 прегледи

ДУИ очекува епилог на преговарачкиот процес. Работите во текот на неделава ќе станат појасни, по што Централното претседателство на партијата треба да донесе одлука. Ги чекаат писмените гаранции од СДСМ. Се надеваат дека целиот процес нема да се одолговлекува и час поскоро ќе се формира Влада, информира Телма.

Од СДСМ велат дека засега ништо нема ново, писмениот документ што го побара ДУИ за евентуално коалицирање со цел формирање Влада, се уште не е подготвен.
Остануваат на ставот дека се работи за чувствителна тема, детали не соопштуваат, вршат внатрепартиски консултации. Сериозно ќе пристапат при подготовката на нацрт текстот на материјалите.

ВМРО-ДПМНЕ и натаму смета дека најдобро решение за излез од кризата се нови избори.

Целиот текст можете да го прочитате тука