(ВИДЕО) Тимоние: Се надевам дека состојбата брзо ќе се деблокира

од desk2
74 прегледи

„Се надевам дека состојбата во земјата набрзо ќе се деблокира за да може државата да оди напред„, смета францускиот амбасадор во Македонија, Кристијан Тимоние.

– Се надеваме дека состојбата ќе биде деблокирана колку што е можно побрзо затоа што во оваа земја навистина има голема енергија која што би можела да се искористи за други работи а не залудно да биде потрошена. Би можеле да се направат многу добри работи кои што не би оделе на штета на државата ниту пак би оделе на штета на европската иднина ниту на штета на Балканот. Мислете на младите, мислете на вашите претприемачи и да одиме заедно напред – рече Тимоние.

Францускиот амбасадор оваа изјава ја даде при неговата посета во Велес кој од 11 до 19 март е домаќин на 44 ученици и професори од Франција во рамки на програмата за училишна размена помеѓу Велес и збратимениот француски град Шербур од Нормандија.

Нарекувајќи ги учениците млади амбасадори на своите земји, амбасадорот Тимоние информираше дека на средбата со градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев се договарале и за соработка на учениците од Македонија и Франција со ученици од Полска, со што училишната размена ќе се прошири на територијата на Европа.

– Ова ќе овозможи да се сретнат три Европи. Имаме што да научиме едни од други и можеме да бидеме промотори на мирот – рече амбасадорот Тимоние./извори Мета видео ТВ24