
Во интервју за Телевизија 24, членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Никола Тодоров истакна дека постојат гласини дека СДСМ ќе се обиде пред Велигден насилно да го преземе Собранието, што претставува воведување хаос во државата.
„Се надевам дека ќе се воздржат од какви било насилни обиди за преземање на Собранието и се надевам дека таквите идеи во СДСМ нема да добијат одобрување“, вели Тодоров.