(ВИДЕО) Трамп за време на средбата со ирскиот премиер: „Ги обожавам овие чорапи – Што е со овие чорапи?“

од Марта Пешевска
81 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно упати критики кон Европа, но средбата со ирскиот премиер Мајкл Мартин во Белата куќа доби неочекуван пресврт кога фокусот накратко се префрли на – чорапите на потпретседателот Џ.Д. Венс.

Трамп, познат по своите долги и неконвенционални монолози, обвини дека Ирска неправедно ги користи предностите на американската економија, особено преку ниските даноци што ги привлекуваат големите фармацевтски компании. Сепак, во еден момент, додека ја водеше својата тирада, неговото внимание се пренасочи кон модниот избор на неговиот потпреседател.

„Што е со овие чорапи?“ – праша Трамп. „Се обидувам да останам фокусиран, но многу сум импресиониран од овие чорапи на потпретседателот“, изјави тој, алудирајќи на зелените чорапи со шамрок дезен – националниот симбол на Ирска кои ги носел Венс.

Средбата, која според американски медиуми била исполнета со еднонасочен говор од 45 минути на Трамп, заврши без конкретни заклучоци, но со многу коментари на социјалните мрежи за тоа дали чорапите на Венс всушност биле најинтересниот дел од целиот дипломатски состанок.

Слични содржини