ВИДЕО: Турците во Германија ја славеа победата на Ердоган

од Stefanija Kuzmanovska
237 прегледи

Стотици луѓе во Германија, која има голема турска иселеничка популација, ја прославија победата на актуелниот претседател Реџеп Тајип Ердоган на претседателските избори во Турција со спонтани автомобилски паради, веење знамиња и свирење.

Автомобили украсени со турски знамиња возеа свирејќи низ улиците на германските градови, вклучително и главниот град Берлин, Дуизбург на запад од земјата и северното пристаниште Хамбург во неделата навечер. Според полициските информации, прославата поминала главно мирно.

Во Манхајм во југозападната покраина Баден-Виртемберг, сепак, дошло до конфликт. Учесниците фрлале предмети кон полицајците, а дел од колоната се судрила и со пешаци. Никој не бил повреден.

Во Дуизбург, според полицијата, на прославата учествувале неколку стотици автомобили и неколку стотици собрани на улиците. Освен неколку огномети, се било мирно, соопшти полицијата.

Во Хамбург, пред турскиот конзулат во близина на железничката станица беа формирани долги колони од автомобили кои свиреа. Само на тревникот пред конзулатот, околу илјада поддржувачи на Ердоган вееја знамиња славејќи ја неговата победа.

Слични содржини