ВИДЕО: Уапсен Бате Геле, човекот кој прв го нападна Заев во Собранието

од Vladimir Zorba
1,4K прегледи

Од видеото на ТВ21 погледнете го моментот на апсење на човекот кој прв го нападна претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на 27 април, за време на насилствата во Собранието.

Се работи за штипјанецот Ангеле Зафировски, викан Бате Геле, кој на своето тело ги има истетовирано ликовите на директорот на Управата за безбедност и контраразузнавње УБК Сашо Мијалков и на неговиот син Јордан, затоа што, како што има кажано во изјава за медиумите, Мијалкови пред неколку години му го спасиле животот, а пред тоа многу му помогнале кога претстојувал во Чешка и во САД.

Тој редовно се појавуваше на сите протести и контрапротести против Заев и СДСМ.