
Федералната служба за безбедност на Русија го уапси наводниот организатор на експлозијата во супермаркетот во Санкт Петербург, која што се случи во средата, при што настрадаа десет лица, јавуваат руски медиуми.
Осомничениот е предаден на Истражниот комитет на Русија за понатамошни истражни дејствија. Во експлозијата во супермаркет се употребени рачно изработени бомби со 200-грамов тротилов еквивалент. Претходно, терористичката група Исламска држава ја презеде одговорност за експлозијата на бомби.