“Како да хранат животни во штала, како Гвантанамо во Европа”, вели австрискиот политичар, Александар Шприцендорфер кој ја објави шокантната снимка на која се гледа како унгарската полиција ги храни бегалците во прифатниот центар Раска.
Унгарската полиција денеска соопшти дека ќе отвори истрага по повод видеото што се појави на интернет, а во кое се гледа како толпа бегалци во хангар во прифатниот центар гласно бара храна додека полицајците, заштитени во хируршки маски, им фрлаат пакувања сендвичи.
Австрискиот политичар Александар Шприцендорфер, доцна во вчера го постираше видеото на YouTube. Видеото го снимила неговата сопруга, Михаела, со која вчера заедно ги посетија бегалските кампови во близина на унгарско – српската граница.