Утврдени се идентитетите на мотоциклистите, кои низ штипските улици ги прекршуваат сообраќајните правила и прописи, возат на едно тркало и прават голема бучава.
Во билтенот на СВР-Штип се вели дека по вчерашното објавено видео на социјалните мрежи, по утврдувањето на идентитетот на мотициклистите ќе следат и соодветни пријави.
-Апелираме до сите возачи на мотоцикли да бидат внимателни и одговорни во сообраќајот, да внимаваат на правилата за ограничување на брзината и да користат кациги и останата заштитна опрема. Посебно апелираме до родителите да бидат внимателни и да не подлегнуваат на притисокот и барањата на своите деца, да не им овозможуваат неконтролирано користење на мопеди, без претходно да им обезбедат основни знаења и способности за правилно и безбедно учество во сообраќајот, стои во соопштението на СВР-Штип.