(ВИДЕО) Валентино Роси стави крај на својата 26-годишна кариера

од Nikola Popovski
308 прегледи

Возачот на Дукати, Франческо Бањаја денеска забележа победа на последната трка од оваа сезона во Мото ГП шампионатот, која се возеше за Големата награда на Валенсија, а беше од особено значење бидејќи беше последна трка на Валентино Роси.

Второто место му припадна на возачот на Прамак Дукати, Хорхе Мартин, а на третото место возачот на Дукати, Џек Милер.

Шампионот од минатата сезона и возач на Сузуки, Жоан Мир, низ целта мина четврти, а новиот шампион Фабио Квартараро од Јамаха ја заврши трката петти.

Легендарниот 42-годишен италијански возач Валентино Роси го освои 10-тото место на неговата последна трка во кариерата.

Во текот на кариерата популарниот „Доктор“ освои шест титули во Мото ГП, последната во 2009 година со Јамаха, како и една светска титула во категориите за мотори од 500, 250 и 125 кубика.

Следната сезона Роси ќе биде генерален менаџер на својот тим VR46, во Мото ГП шампионатот.

Квартараро во генералниот пласман освои вкупно 278 бода, втор беше Бањаја со 252, а трет Мир со 208 бода.

Слични содржини