Нашинците од Австралија повторно се пожалија на однесувањето на Владиката петар во Австралија. Интернет порталот Фаланга објави видо од кое се гледа како Владиката од црква брка верник-христијанин и го нарекува Јуда, а на тоа верникот му одговара дека црквата е јавен дом и не е семејна куќа на Каревци за да може да го брка кога сака. Станува збор за нашинецот Никола Ставрески од манаститот „Св.Прохор Пчински“ во Донибург Австралијаи е поранешен близок соработник на Владиката Петар и еден од неговите поранешни поддржувачи, но пријателството го растурија откако Ставрески застана во одбрана на Игуменот Гаврил кој Владиката Петар го протера од овој манастир.
116