(ВИДЕО) Во битолско Цапари: Лекар прегледува само сред село

од desk2
372 прегледи

Повеќе од 600 жители од битолско Цапари, но и околните села останаа без здравствена заштита, отако досегашниот матичен лекар пред еден месец стави клуч на селската амбуланта, информира Телма.

Сега чекаат еднаш неделно лекар од Здравствениот дом во Битола кој ги прегледува на сред село, им мери притисок и шеќер во крв, или им дава терапија на улица. Рецепти не може да им издава, па пациентите се принудени лековите да си ги купуваат приватно. Жителите се револтирани и бараат надлежните да го решат овој проблем.

-Доктор немаме, приватно си ги купувам лековите, страдам од срце морам да ги пијам. Иди една докторка, онде ги прегледува на патот, кој знае што прават, рече една жителка на Цапари.

-Нема никој во селото да се исправи и да побара да се реши проблемот. Порано имаше кмет, сега ништо нема вели друга жителка на Цапари.

Цапари е оддалечено од Битола петнаесетина километри, но со години нема јавен превоз, иако од општината поставија нови автобуски постојки. Најзасегнати се постарите кои немаат како да стигнат до градот за да одат на лекар.

-Помладите ќе се снаоѓаме, ама за старите е проблем. Некогаш ќе ги однесеш во Битола на лекар, некогаш сами ќе одат. Нема јавен превоз, одиме со училишните автобуси, но до болница нема како да стигни стар човек, велат жители на Цапари.

Целиот текст можеме да го прочитаме тука