
Уапсени се 93 лица, вклучувајќи и шест полицајци и запленети се околу 3,8 килограми наркотици во повеќе одделни акции во Србија во борбата против криминалот и корупцијата.
Како што соопшти српското МВР, во борбата за сузбивање на корупцијата и економскиот криминал, уапсени се 37 лица под соменине дека во периодот од 2009 година до денес извршиле повеќе кривични дела, со кои што го оштетиле републичкиот и покраинскиот буџет, како и на буџетите на неколку локални самоуправи и други економски и физички лица, во износ од 8,3 милиони евра.
Помеѓу уапсените се и поранешен шеф на општина Трстеник, инспектор во министерството за животна средина, вработени во министерството за правда, вработени во општините Врање и Ниш, во даночните управи Заечар и Лесковац, како и вработени во Електродистрибуција-Ниш.
Во борбата против криминалот и трговијата со наркотици се уапсени 56 лица и запленети 3,3 килограми марихуана, 170 грама хероид, 53 грама кокаин, 280 грама амфетамини, 17 парчиња екстази и 510 грама смеса која што се користи за зголемување на количеството на наркотиците.
Освен тоа, полцијата запленила и пет пиштоли, една автоматски и две ловечки пушки, 1582 парчиња муниција, експлозивна направа, една тромблонска мина, како и осум возила.