455
На фејсбук страницата на Скопје ЗОО денеска објавија видео на кое се гледа како засега непознат сторител ја вознемирува лавицата Бела.
„На социјалната мрежа „Тик Ток” јавно е објавено видео кое не згрози сите, а во кое гледаме вознемирување и изживување врз лавицата Бела. Во Скопје Зоо доаѓаат прекрасни посетители, нашите вработени се постојано на терен, но некогаш и една минута е доволна за некој несовесен да го направи ова, прекачен преку заштитните огради во делот кој е забранет за посета. Снимателот и лицето од видеото ќе бидат пријавени во полиција, а Зоо Скопје отсега ќе има и дополнително обезбедување. Нема да дозволиме никој да ја загрози благосостојбата на животните! Лицата ќе одговараат за ова дело!”, напишаа од ЗОО.