Водителка на утринска програма на телевизијата со национална фреквенција стана вистински хит на социјалните мрежи откако ја спореди големината на Србија и Америка.
По трагедијата во која момче (13) ги уби другарите од училиште и обезбедувањето, многу медиуми направија паралела со слични злосторства кои често се случуваат во САД. И водителката на утринската емисија се обиде да направи ваква паралела, но поради нејзин лапсус видеото стана хит на социјалните мрежи.
Možda ČAK i duplo manja nego Amerika.❤️ pic.twitter.com/e25Zs5RoBu
— Milan iz Beograda (@zubarzt) May 7, 2023
„Америка е голема држава и одлична земја. Србија, секако, сите знаеме дека е двојно помала. А можеби и повеќе од двојно помала од Америка…“, изјави водителката на програмата.
Видеото набрзо стана вирално и собра бројни коментари.