
Водечкиот конструктор на авиокорпорацијата Миг Алексеј Сметаников е откриен со пресечено грло во една од просториите во фабриката, пренесуваат руските медиуми. Еден чувар ја информирал полицијата и медицинските лица.
Според некои извештаи, итна медицинска помош му бил дадена на жртвата пред да пристигне амбулантното возило. Жртвата е хоспитализирана со убодна рана на вратот.
Според зборовите на лекарите Сметаников има оштетување на трахеата и крвните садови. Според прелиминарните податоци, тој е подложен на операција. Сега е во болница во Москва под грижа на врвни доктори.
Новинарите разговараа со вработените во компанијата, кои мислеа дека на човекот му се заканувало разрешување. Оваа информација веќе се потврдува.
Истражителите ги утврдуваат околностите на инцидентот, но според прелиминарните информации раната на Сметаников нема криминален карактер.
Пресслужбата на Миг ја потврди информацијата дека вработениот на компанијата бил ранет за време на паузата за ручек.
Миг е руска компанија за производство на авиони, претпријатие кое ги обединува сите аспекти на дизајнот, производството, продажбата, одржување и поправка на авиони MiG.