(ВИДЕО) Вонредна вест од Парма: Умре Ѕверот на Коза Ностра и шефот на кланот Корлеоне, кој ги уби легендарните обвинители Џовани Фалконе и Паоло Борселино

од desk4
137 прегледи

 

Италијанскиот мафијаш, поранешен шеф на Коза Ностра Тото Риина, почина денеска на 87-годишна возраст во италијанскиот град Парма. Ова е соопшти Република.

Нарекуван со прекарот Ѕвер, поради вродената суровост и поради малиот низок раст, Тото (СалватореРиина беше уапсен на 15 јануари 1993 година, по што е осуден на доживотен затвор за повеќе кривични дела, вклучително и за организирање на убиствата на двајцата најмногу познати борци против мафијата во Италија – обвинителите Џовани Фалконе и Паоло Борселино, прецизира Канал 3.

Во 80-тите и на почетокот на 90-тите години од минатиот век, Риина и неговиот клан Корлеоне, ги победија конкурентските фамилии по што станаа водечката група на организираниот криминал во Италија.

Врв на нивното противење кон државата е убиството на двајцата обвинители Џовани Фалконе и Паоло Борселино.

Ова води до јавна осуда на мафијата и како последица на тоа власта презеде масовни апсења. Правосудните органи го осудија Риина и голем дел од неговите соучесници.

Во последниве денови од животот, по две претходни операции, Риина беше во состојба на кома. Италијанскиот министер за правда Андреа Орландо им дозволи негови блиски да го посетат пред тој да умре во болницата во Парма, каде се наоѓаше. Здравствената состојба на Риина се влоши по две операции, кои му беа направени, откако му беше дијагностициран рак.

Пред тоа адвокатите Риина постојано се обраќаа кон Врховниот суд за касација на Италија со барање да се промени мерката на задржување поради тешката болест за да му се даде можност да умре со достоинство. Сите такви барања беа одбиени.