(ВИДЕО) Вонреднo! Тројца руски офицери се повредени во жесток напад од терористите на хуманитарен коридор во Алепо

од desk3
85 прегледи

Повредени се тројца офицери од рускиот Центар за примирје кои се наоѓале меѓу завојуваните страни во Сирија. Случката е резултат на насочен оган од терористи за хуманитарен коридор на пункт во областа на Ел-Машарка, соопшти ТАСС, повикувајќи се на рускиот Центар за примирије.Војниците се транспортираат до авиобазата «Хмејмим». Животот им е надвор од опасност ».

1477039666-1

Од 08:00 часот на 20 октомври во Алепо дејствуваат хуманитарни коридори. Уште на 18 октомври ВКС на Русија и воздухопловните сили на Сирија ги прекинаа ударите по позициите на џихадистите.

Терористите можат да го напуштат градот, при тоа заедно со своето оружје. Работат 8 коридори – шест за мирните жители, кои сакаат да го напуштат Алепо и два – за бандитски терористички единици.
Сите коридори се контролираат од сириските воени сили.

Терористите, сепак, стрелаат по хуманитарните коридори, за да ги заплашат мирните жители кои сакаат да го напуштат опасниот Алепо.

Џихадисти пукаат и по дезертери, кои веќе почнаа да го напуштаат «котелот».

 

https://youtu.be/PBJXJDvq_7I