(ВИДЕО) Врховниот суд одлучи: СЈО ќе треба да ја докажува надлежноста

од Vladimir Zorba
82 прегледи

Врховниот суд донел одлука со која, Специјалното јавно обвинителство во иднина ќе треба да ја докажува својата надлежност врз предметите кои ги бара од Кривичениот суд, информира ТВ21.

Одредени портали пренесоа дека ваквата одлука ја донела претседателката на Врховен Лидија Неделкова пред истекот на нејзиниот мандат, а на барање на Основниот суд уште во март.

Во одлуката се потенцирани одредбите од член 5 став 1 од Законот за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани со прислушуваните материјали дека надлежноста на Јавниот обвинител кој раководи со ова Обвинителство има ограничена надлежност.

Од Специјалното јавно обвинителство велат дека за ваквата наводна одлука нема да коментираат затоа што за такво нешто не се информирани: „Во Специјалното јавно обвинителство нема пристигнато одлука со која Врховниот суд, бара од СЈО да ја докаже надлежноста за одредени предмети кои бара да ги застапува.СЈО ќе се произнесе откако ќе добие ваква одлука и ќе информира за следните чекори кои ќе ги преземе.“

Целиот текст ќе можете да го прочитате тука