(ВИДЕО) Вучиќ му се заблагодари на Путин за испораката на ловци МиГ-29

од Vladimir Zorba
125 прегледи

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска му се заблагодари на рускиот претседател Владимир Путин за испораката на борбени летала од типот МиГ-29 и рече дека Србија нема да запре тука, туку ќе продолжи со набавката на оружје за нејзините граѓани да се чувствуваат безбедни.

– Ќе му се заблагодарам на Путин за помошта бидејќи оружјето го добивме со најдобрите можни услови. Ние ќе продолжиме да си ја засилуваме армијата. Не сакаме никакви конфликти, но сакаме да сме сигурни, да бидеме во состојбата да се заштитиме и одбраниме, изјави Вучиќ, најавувајќи дека во петок ќе има телефонски разговор со Путин.

Како што јави Танјуг, Србија подготвува единица од 10 ловци МиГ-29, за која Вучиќ вели дека ќе биде најсилна во регионот.