(Видео) Вучиќ: Путин овозможи Србија да добие гас по поволни услови оваа зима

од Илинка Илиоска
176 прегледи

Српскиот претседател Александар Вучиќ имал „отворен, долг и содржаен“ телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, по речиси две и пол години без директен контакт. Вучиќ како што објави на Инстаграм, му се заблагодарил на Путин за поволните услови во снабдувањето со гас за Србија во претстојната сезона и ја истакнал важноста на овој договор за енергетската стабилност на земјата.

Во разговорот, Путин испратил честитки по повод 80-годишнината од ослободувањето на Белград за време на Втората светска војна, што Вучиќ го прифатил со благодарност, посветувајќи посебна почит на единиците на Црвената армија кои помогнале во ослободувањето.

„Посебно му се заблагодарив на претседателот Путин за сè што направи за Србија да има доволно гас по многу поволни цени оваа зима,“ истакна Вучиќ во својата изјава.

Покрај тоа, Вучиќ ја изразил својата надеж дека Србија, како и пред две и пол години, нема да воведе санкции кон Руската Федерација, нагласувајќи ја важноста на поддршката од Русија за територијалниот интегритет на Србија во Обединетите нации.

Слични содржини