Зад затворени врати и без медиуми Судски совет одлучи. Од 5 поднесени барања за утврдување на нестручно и несовесно работење, да се покренат постапаки за тројца судии. Едно барање од Советот за утврдување на факти е отфрлено како нецелосно, а против еден судија барањето било недозволено, пренесе Телма.

Претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски е недостапен телефонски да образложи за кои судии ќе се води постапка, а за кои не.
Предлозите од Советот за утврдување факти неофицијално се однесуваа и на еден охридски судија, кој бил осуден за примање мито, а останал на своето работно место. Караџовски не го негираше случајот, но остави членовите на Советот на денешното продолежние од затворената седница да донесат одлука, иако дел од претставките се постари од година и половина.
Во јавноста се споменуваат и имињата на судијката Александра Ристовска и судијата Дарко Тодорвски дека за нив двајца Советот одлучил да ги запре постапките. Судиите не можат да ја потврдат информацијата бидејќи се уште не добиле решение од Советот по денешната седница.
Судијката Александра Ристеска заработи претставска од екс-претседателот Владимир Панчевски со Советот за утврдување факти, по допрен глас. Ристеска, се уште работи во Одделнието за прекршоци на скопскиот Кривичен суд, откако беше прераспределана од претседателот Панчевски. Нејзиниот колега Дарко Тодровски е судијата кој одлучуваше во кривичен совет за предметот на СЈО „Титаник“. Тој обвини дека одбраната на обвинетите знаела однапред кој и како ќе гласа и затоа побарала негово изземање, односно именување на нов судија во тричлениот Совет.
Собранието веќе за утре ја закажа расправата за предлог законот на владата за укинување на Советот за утврдување факти, а дисциплинските постапки да се вратат во рамки на советот.