
Запрашан за тоа дали ја проверил државната каса, новиот премиер Зоран Заев рече:
„Министерот за финансии, Драган Тевдовски веќе ги почна активностите околу оваа работа. Јас само споделив тоа што Емил Димитриев го пренесе дека состојбата е стабилна во буџетот, дека не е нешто блескава ама не е ни драматична, што сериозно ме успокојува малку заради тоа што знаете дека на крајот од денот од парите зависи се, парите се за граѓаните. Јас верувам дека ако некое домаќинство треба да штеди за да овозможи за децата и за иднината, државата е успешна ако пласира повеќе пари, ако пушти повеќе пари во оптег и тоа е нејзината успешност. Ама за да пуштите треба да имате пари. Треба да ги собереме парите на даночните обврзници онака како што тоа законот го пропишува. Ние најавивме дека ќе ги растеретиме од овие притисоци, закани и уцени, но менаџментот со државната каса навистина носи среќа, носи здравје, носи образование, носи полиција, одбрана, безбедност за граѓаните. Верувам дека менаџментот со финансиите досега за мене во животот не бил проблем при водење на општината и при други функции што сум ги обавувал. Верувам дека успешно ќе менаџираме со финансиските средства на државата“.