(ВИДЕО) Заев: Не сакаме украинско сценарио, туку решение по мирен пат, преку техничка влада

од Vladimir Zorba
147 прегледи

Заев, одговарајќи на новинарски прашања од бугарските медиуми, по средбата со бугарскиот премиер Борисов и бугарската опозиција, зборуваше за излезот од кризата во Македонија.

20150529.rmhyvstcis

– Начинот на излез од кризата во Македонија е согласно европската традиција и пракса. Не сакаме да ги повторуваме сценаријата кои ги видовме во Украина, или порано во Србија. Во 21 век, втора декада, по мирен начин, без насилство, мора да се најдат решенијата. Ние веќе започнавме разговори во Македонија, во вторник еврокомесарот за проширување Хан е во Македонија. Заедно ќе се обидеме да навлеземе во преговорите. Нашето барање е по примерот на Бугарија, да создадеме техничка влада, без влијание на двете најголеми партии, или опозицијата, или власта. На демократски начин, во соодветен период од шест до девет месеци да ја подготви Македонија со изборен законик, со избирачкиот список, Антикорупциска комисија, Државната изборна комисија, и многу други слабости кои системот ги има, и да излеземе на фер, демократски и регуларни избори. Народот е тој кој ја дава власта и кој ќе одлучи во кој правец да се движи Македонија и кој да ја води. Но ред е политичарите после демократкски и фер избори да си подадат рака и заедно да ја градат иднината на својата земја.