Првиот опозиционер Заев се сретна со бугарскиот премиер Бојко Борисов. На средбата присуствуваа уште и социјалистот Јанаки Стоилов и министерот за надворешни работи на Бугарија Даниел Митов.
Лидерот на СДСМ ги запознал бугарските политичари со ситуацијата во Македонија, и изразил надеж во помош од Бугарија – како најблизок пријател и членка на Европската унија и НАТО, за да може во Македонија да се решат работите по мирен пат и да не дојде до кризи како во Украина и поранешна Југославија.
“Ние веќе започнавме разговори во Македонија, нашето барање е по примерот на Бугарија да создадеме техничка влада, без влијание на двете најголеми политички партии, со период од шест до девет месеци, да ја подготви Македонија со изборен закони, антикорупциска комисија, државната изборна комисија и низа други слабости што има, и да излеземе на фер и демократски избори. НАродот е тој што ќе одлучи кој ќе ја води натаму државата. Начинот на излезот од кризата е согласно европската пракса. Не сакаме сценарија како во Украина и Србија, рече Заев, рече Заев.
Според бугарскиот Премиер Борисов, Македонија ја има поддршката на Бугарија за пристапување кон ЕУ и НАТО, но и е со став дека политичката криза во Македонија треба да биде решена по демократски пат.
“Категорично сме против секакви говори за федерализација на Македонија. Посакуваме власта и опозицијата да најдат заеднички јазик каков што бара и Европа. Бугарија не се меша во внатрешните работи на Македонија, но секако дека е проблем што има политичка криза токму на границата и кај народот кој е најблизок на Бугарија. Пред десетина дена се слушнавме со Зоран Заев и тогаш решивме да направиме средба со него. Средбата ја направивме и со бугарската опозицијата, со социјалистите, за да покажеме дека во Бугарија не се делиме на леви и десни, кога се работи за стабилноста на една држава”- изјави Бојко Борисов.