Видео: Запознајте го Матеј Зимбаков – Гоки од ТВ серијата „Зоки Поки“

од Берта Китинска

Првата епизода е закажана за наредниот понеделник, 4 мај, во 20:15 часот на првата програма на МРТ. Серијата ќе се емитува секој понеделник и четврток во 20:15 часот, со репризи наредниот ден и во сабота и недела.  По емитувањето, епизодите ќе се поставуваат и на веб-страницата ZokiPoki.mk и на официјалниот YouTube канал.

Додека го чекаме наредниот понеделник, се запознаваме со Матеј Зимбаков, малиот актер кој го игра Гоки. Матеј е четвртооделенец во ООУ „Лазо Ангеловски“ во Скопје кој обожава да игра видео игри, да црта и да пее.

Во кратко видео со прашања и одговори, Матеј зборува за предметите во школо кои ги сака најмногу и најмалку, открива кој спорт му е омилен, за кого навива, која видео игра е најдобра за него, дали бира ванила или чоколадо, која книга и лик од книга му оставиле најмногу впечаток, дали има симпатија и други забавни детали.

Останатите улоги ги толкуваат децата-актери Матеј Настевски (Зоки Поки), Анастасија Аневска (Лидија) и Матео Матоски (Боки).

Покрај детската екипа, во серијата играат и Сашко Коцев и Даниела Иваноска, кои ги глумат родителите на Зоки и Сабина Ајрула-Тозија, која ќе ја видиме во улогата на неговата баба.

Видеото може да се погледне тука:

Слични содржини