(ВИДЕО) Заврши протестот на граѓанските организации: „Слобода, слобода – Долу диктатура!„

од Vladimir Zorba
102 прегледи

Илјадници граѓани кои  учествуваа на вечерашниот протестен марш во Скопје се разотидоа, откако полицијата го блокира движењето кај Европскиот универзитет, односно пред седиштето на Мисијата на ЕУ.

 

13020342_10154083770829804_1427748939_n 13059295_10154083772489804_518502601_n Вечерва, мирно се протестираше и во Прилеп, Струмица, Кочани, Куманово, Велес и Битола. Контрапротестантите на ГДОМ протестираа во  Битола и Велес,.

Инаку, мали искри имаше кај ЕУ-Инфоцентар. Демонстрантите се обидоа да го минат кордонот на полицијата, кои бе подготвени за судири и блиска борба.полиц

Демонстрантите и полицијата се судрија кај булеварот Свети Климент Охридски, пред зградата на Театарот „Комедија Инидентот дојде откако лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов, посочи дека полицијата нема право да ги сопира граѓаните да го изразат својот револт, бидејќи протестот е мирен и меѓу демонстрантите нема насилници. Тој апелираше старешината да ги повлече полицајците, а демонстрантите да продолжат да се движат.

Ангелов во еден момент ги повика демонстрантите да му се приклучат и да ѝ се спротивстават на полицијата. Демонстрантите тргнаа кон полицајците и настана мал судир, при што полицајците успеаја да ги одвратат граѓаните назад.

Граѓаните веќерва извикуваат „Пуштете го народот“, „Долу диктатура“, „Слобода“.13054790_10206339379031132_1281012606_o-600x300

Протестот почна во 18 часот, пред зградата на Специјалното јавно обвинителство, од каде маршот продолжи кон Собранието на Република Македонија.

 

протрсДвижејќи се кон Собранието, демонстрантите застанаа пред Министерството за правда, каде фрлаа тврди објекти и кесички со боја. Подоцна колоната граѓани се упати пред зградата на Владата, каде народот побара оставка од претседателот Иванов и од Владата на РМ./извор Мета а1он