(ВИДЕО) Жбогар: Очекуваме суштински реформи во судството, разузнавањето, администрацијата…

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Евроамбасадорот Самуел Жбогар во интервју за Телма зборува што значи ослободување на заробената држава и дека претстојните локални избори ќе бидат тест и за власта и за опозицијата.

-Ќе има нула толеранција за какви било нерегуларности или инциденти на изборите – вели Жбогар.

 За законот за употребата на јазиците тој вели дека одлуката да има европско знаме ја донела Владата. Брисел сепак очекува конкретни промени, а не само декларативно за да се приближи Македонија кон ЕУ.