(ВИДЕО) Жени од Келн раскажуваат за силувањата и нападите на Нова Година

од desk3
124 прегледи

Дел од жените кои настрадале при напади од сексуален карактер во германскиот град Келн во новогодишната ноќ, застанаа пред камера, за да раскажат за ужасот кој преживеалеВ.

“Се плашев дека нема да излезам жива од толпата која ме заобиколи. Помислив дека некој ќе извади нож и ќе ме силуваат директно на улица “, изјави една од жените.

Сите жртви признаа дека биле сексуално и физички малтретирани и за цело време немало ниту еден полицаец кој да им помогне.

Повеќето жртви се благодарни што воопшто избегале живи од напаѓачите. Не сите се подготвени да застанат со лицата пред камера, но сакаат да кажат за искуствоѕо за да се обрне внимание на општеството кон проблемот.

zeni

Над 100 жени станаа жртва на сексуална злоупотреба во германскиот град. Две од нив пријавиле дека се силувани.

“Уште имам кошмари. Не можам да спијам. Страв ми е да излезам сама. Страв ми е да одам во градот “, раскажува повредена.

Полицијата не може да даде објаснување зошто бил направена таков масовен напад. Жените биле малтретирани со часови во самиот центар на градот. Но наоколу или немало полицајци, или не презеле акција адекватно.

Полицијата откри 16 од напаѓачите во Келн, но не ги знае нивните имиња

Полицијата не исклучува нападите да се нова форма на организирани грабежи.

На повеќе од половина нападнати им беа земени телефоните и чантите. Како што стана познато порано, околу 1000 млади луѓе, претежно со “арапско и северноафриканско потекло” неколку часа пред доаѓањето на Новата година се собрале на плоштадот до Келнската катедрала и централната железничка станица, потоа се разделиле на мали групи и извршиле напади врз жени.