Водителите се шегуваа со колешката дека таа била среќно мажена.

Преносот во живо од зоолошката градина во Сан Диего речиси излезе од контрола и стана огромен хит на социјалните мрежи. Живото вклучување на новинарката Ешли Џејкобс беше прекинаоа неочекувано кога бебе жирафа се заљуби во неа на прв поглед и почна да ја бакнува незадржливо.
Видливо загрижена, новинарката почна да се смее. А, водителите во студиото исто тешко ги задржаа насмевките и се обратија до жирафчето со зборовите дека колешка веќе е зафатена и среќно мажена.