(ВИДЕО) Зврлевски се уште бара податоци од СЈО за Крпач

од Vladimir Zorba
145 прегледи

krpac_0

Смртта на Коста Крпач е самоубиство – децидни се во Основното јавно обвинителство, но истрагата продолжува со барањето дали врз него, некој влијаел или пак го потикнал да пука во себе, информира Телма.
Тој дел од истрагата според Основното јавно обвинителство е закочен затоа што од СЈО не им го дале записникот со распитот на Крпач за заканите кои скопјанецот ги пријавил дека ги има како сведок во специјалното обвинителство.

Скопското обвинителство тврди дека информацијата ја барале двапати и со ургенции и се надеваат дека ќе добијат податоци за заканите во интерес на истрагата и на семејството на покојниот Крпач. Основното јавно обвинителство свика брифинг за смртта на Крпач, еден ден по отворањето на случајот Трезор во кој за злоуботреба на над 860 илјади евра, обвинети се 3 началници и директор од УБК и еден помошник министер во МВР дека преку фирмата со која управувал Крпач набавувале информатичка опрема за тајната полиција.

Целиот текст можете да го прочитате тука