Невидени по своја големина воени вежби почнаа британските кралски поморски сили и силите на НАТО во близина на брегот на Шкотска. Ова се најсеопфатните за сите времиња поморски вежби Joint Warrior, во кои се активираат 55 брода, 70 воздухоплови и 13 000 морнари, војници и пилоти од 14 земји, соопштува The Telegraph.
Од британското Министерство за одбрана уверуваат дека вежбите не се предизвикани од однесувањето на некоја конкретна земја, но командата на НАТО потврди дека тие треба да ја покажат воената моќ на Алијансата, за да ги смират соседите на Русија, стравувајќи од агресија од нејзина страна, пишува изданието.
вежбите почнуваат денеска и ќе трае две недели. Една од задачите е фаќањето на подморница на условен противник. Весникот потсетува дека минатата година британските воени сили побараа помош од патролни авиони на НАТО, откако забележаа крај Шкотското крајбрежје наводна руска подморница. Неколку неделната потрага во водите крај Шкотска сепак не беше крунисана со успех.
Слични маневри се одржуваат два пати во годината, но за прв пат ќе бидат толку големи и долготрајни, истакнува британскиот весник.




